Возач загина во сообраќајка во Лисиче, две лица повредени

Едно лице загина, а две други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу полноќ во скопската населба Лисиче. МВР денеска информира дека сообраќајна несреќа се случила помеѓу две возила при што едниот возач загинал, а другиот возач и малолетната сопатничка се повредени.

-На 26.01.2022 во 00.05 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Видое Смилески Бато“ со сервисна улица се случила соопраќајна несреќа меѓу патничко возило „Рено“ управувано од Т.М.(21) од Скопје и патничко возило „Фолксваген поло“, управувано од Д.Г.(48) од с.Стајковци, скопско, двете со скопски регистарски ознаки, соопшти полицијата.

На местото на несреќата починал Д.Г. додека малолетна сопатничка од возилото „Фолксваген поло“ се здобила со тешки телесни повреди, а Т.М. се здобил со телесни повреди.

Претходна вестНова трагедија на скопските улици: Пешак загина кај мостот „Гоце Делчев“
Следна вест30.000 починати од загаден воздух во Западен Балкан, во Македонија се чека ветерот