Затруен од наркотици, кавадарчанец пронајден во бессознание во двор

Кавадарчанец затруен од наркотици бил пронајден во бессознание во двор во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.

– Вчера во 12.00 часот во ОВР Кавадарци, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дворот на М.К.(42) од овој град, во бессознание бил пронајден кавадарчанецот Б.О.(40), кој бил затруен од наркотични средства. Подоцна, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на М.К., при што била пронајдена и одземена таблета екстази. М.К. бил лишен од слобода, појаснија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестТројца Руси со падобрани скокнаа од стратосферата на Северен пол
Следна вестЈакимовски: Ако децата ни се во странство кој ќе се грижи за нивните родители?