Во Скопје приведени малолетни лица, кај две малолетнички пронајден и нож

Пет малолетни лица вчера биле приведени од страна на полицијата поради поседување марихуана, бела прашкаста материја и нож, соопшти полицијата. МВР информира дека во 22.05 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода две малолетнички од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и нож.

Пред полноќ на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

На подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Освен ова, вчера во 18.15 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. На подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Л.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Еден час подоцна на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Р.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-Синоќа  во 23.20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода А.М.(20) од Гевгелија затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана, соопшти полицијата.

По целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок.

 

Претходна вестМАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга, Лидија Димковска автор на годината
Следна вестЦУК: Од Унгарија во Скопје со хеликоптерот на МВР пристигна македонскиот пациент