Темно Режим Светло Режим

Затворен угостителски објект во Дебар маало, имало 30 гости по 21 часот

Угостотелски објект во скопско Дебар маало е затворен откако инспекциските служби и полицијата доцна синоќа во него затекнале околу триесетина гости.

-Во координација со Државниот пазарен инспекторат, вчера во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле контрола во угостителски објект на ул „Дебарца“ во Скопје. При контролата, во објектот биле затекнати 20 до 30 гости и било констатирано дека објектот не ја почитува одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 21.00 часот. Објектот бил запечатен, односно му била изречена мерка забрана за вршење дејност, информира МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот, во кооординација со Јавен обвинител, против одговорното лице ќе биде изготвена пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Во скопските ковид-центри се лекуваат 477 пациенти, голем дел се на кислородна поддршка

Следниот Пост

Иванов до Антикорупциска: 20 месеци не ги затворате предметите кои ги водите за мене, дали чекате насоки од некого?