Темен режим Режим на светлина

Затвореник со фалсификувана бугарска лична карта пробал да замине во Грција на викенд

Вчера во 23.00 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Р.(32) од с.Баница, струмичко, поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана бугарска лична карта на туѓо име.

При извршени дополнителни проверки било утврдено дека А.Р. издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип, од каде бил пуштен на викенд.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија, по што бил спроведен во установата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Блокиран патот Куманово – Крива Паланка по сообраќајка

Млад прилепчанец го загуби животот во тешкиот судир на патот Прилеп-Битола

Следна објава

Со возило удрена 84-годишна жена во Илинден, со тешки повреди пренесена во болница