Заврши настапот во Лигата на нации, следуваат квалификации за ЕП

Фудбалска репрезентација на Македонија го заврши настапот во Лигата на нации за оваа сезона. За жал македонските фудбалери синоќа изгубија од бугарските репрезентативци со еден примен гол.

Натпреварот почна испитувачки за двете репрезентации, но се се смени откако во 14-тата минута македонската репрезентација остана без еден играч. Имено, Тодор Тодороски доби директен црвен картон по еден невнимателен старт врз противнички фудбалер.

Сепак македонските репрезентативци отидоа на полувреме со сочувана мрежа и покрај побројниот противник. Во второто полувреме силната поддршка од двасетина илјади гледачи во Скопје ја крена борбеноста на избраниците на Благоја Милевски, но при еден контранапад бугарскиот капитен Кирил Десподов го постигна решавачкиот погодок.

Македонските фудбалери се обиедоа со сите сили да дојдат до израмнување во последните половина час, но гостите успеаја да се одбранат.

Со ова, македонските репрезентативци остануваат во лигата Ц и во следното издание во Лигата на нациите. Македонија следнава година ги почнува квалификациите за ЕП 2024. Ждрепката на групите ќе се влече следниот месец во Германија, а нашите репрезентативци ќе бидат во петтиот барабан (кој е предпоследен).

Претходна вестНов голем успех: Завршува објаснувачки скрининг со ЕУ, ќе се менувал менталитетот на владеење
Следна вестТатко осомничен за убиство на тримесечно бебе, го претепал до смрт