Темно Режим Светло Режим

Жена од БиХ почина во болница во Охрид, полицијата го уапси синот

Со 3,06 промили алкохол навредувал полиција во Велес Со 3,06 промили алкохол навредувал полиција во Велес

Вчера во 10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека околу 01 часот, во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, со возило на Итната медицинска помош била донесена Р.Б.(78) во придружба на нејзиниот син Н.Б.(44), соопшти полицијата. Се работи за лицата од градот Бугојно, Босна и Херцеговина.

Според пријавеното, Н.Б. ја напуштил болницата, а Р.Б. набрзо починала.

-Н.Б. е пронајден на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид и лишен од слобода. Телото на починатата е дадено на обдукција. Во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Талат Џафери: На прва седница кажав дека нема играње фудбал во Влада

Следниот Пост
Лина Ѓорческа запрена во полуфиналето на турнирот во Порто, мораше да го предаде мечот

Ѓорческа елиминирана од фјучерсот во Анталија