Темно Режим Светло Режим

Жител на Табановце физички нападнал вработен во отсекoт за управни работи – Куманово

Со 3,06 промили алкохол навредувал полиција во Велес Со 3,06 промили алкохол навредувал полиција во Велес

Жител на Табановце физички нападнал вработен во отсекот за управни работи во Куманово, соопшти денеска полицијата. Нападот се случил вчера, кога четириесет и двегодишниот жител на кумановското село Табановце Н.П. го нападнал вработениот во просториите на отсекот за управни работи – Куманово.

– Вчера во 10:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(42) од село Табановце, Кумановско затоа што во просториите на отсекот за управни работи Куманово физички нападнал еден вработен, кој извршувал службени дејствија. Н.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираше полицијата.

Претходната недела СВР Куманово информираше дека Одделението за управни работи – Куманово од почетокот на годинава издало над 10.500 пасоши, над 9.000 лични карти и над 4.000 возачки дозволи.

Одделението работи со четири кабини за фотографирање и работи во две смени, од 7:30 до 19:30 часот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Здружение на лекари специјализанти: Бараме плата која ќе биде на ниво на доктор по општа медицина во Клинички центар

Следниот Пост
Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, едно лице загина

Ново мафијашко убиство во Црна Гора