27 години добиваме ветувања за пруга кон Бугарија, денеска таа традицијата продолжи

Знаете ли од кога требаше веќе да се возиме по железничката пругата кон Бугарија, ако верувавме на ветувањата на политичарите? Минимум пред десет години ние требаше да имаме пруга до бугарска граница. Ама..

Пред 27 години беше првото предизборно ветување. И сега се така по ред си добиваме нови ветувања, а пригата ја нема. Денеска стаса уште едно ветување, овој пат од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој најави дека пругата догодина ќе биде најважен капитален проект.

Оваа пруга е апсолутно потребна, не само поради патничкиот транспорт, туку и за товарниот транспорт. Сметаме дека овој Коридор-8 е значаен и ќе даде предност на нашите компании, изјави Бочварски.

За оваа намена следната година требало да се потрошат околу 30 милиони евра. Проблеми во изградбата се појави годинава во мај кога германската фирма Вибе се откажа од изградбата на делницата Куманово – Бељаковце која ја почна да ја гради во 2014 година во должина од 30 километри. Според Договорот овој проект требаше да биде завршен во рок од 30 месеци, односно до септември 2017 година. Но, до мај годинава беа завршени само 54 проценти од предвидените работи. Другите делници воопшто не се почнати со градбата.

Важно се доби ново ветување дека пругата ќе се гради. Овој дел од работата министрите го прават исполнително.

Претходна вестУКИМ: Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата
Следна вестНа ТВ гледајте пред се емисии со позабавна содржина, документарни, музички прилози…