Темен режим Режим на светлина

Од магацин во старата охридска касарна украдени солзавец и шок бомби

Солзавци, шок бомби и други предмети биле украдени од магацин на полицијата во Охрид.

Информацијата утрово ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, се работи за помошен магацин за расходна опрема лоциран во старата Касарна.

– Во СВР Охрид вчера 12 часот и 30 минути е пријавена тешка кражба од помошен магацин за расходувана опрема на СВР Охрид кој се наоѓа во Стара касарна при што се одземени солзавци, шок бомби и други предмети кои биле предвидени за расходување, изјави Димоски.

Известен бил јавен обвинител и Одделот за вантрешна контрола и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Што разменувале вработени во лаборатории од Македонија и Бугарија?

Следна објава

Приведени лица кои питачеле по раскрсници и булевари во Скопје