Полицијата уапсила велешанец кој извршил грабеж врз вработена во болница.
– Вчера во 14.45 часот, полициски службеници го лишиле од слобода М.З.(30) од Велес. Тој се сомничи дека околу 10.00 часот во една од просториите во зградата на Јавната здравствена установа „Центар за јавно здравје“ на ул.„Лазо Осмаков“ во Велес одзел пари од чанта на една вработена, информираат од МВР.
М.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.