Две деца на мотор настрадаа во судир со автомобил во Кисела Вода

Со тешки телесни повреди се здобиле две малолетни лица во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на подрачјето на Кисела Вода.

До незгодата дошло откако моторот на кој се возеле се судрил со автомобил. Порталот 24Инфо информира дека сообраќајната несреќа се случила околу 23 часот на крстосницата од булевар „Борис Трајковски“ со улица „Есенинова“.

Според очевидци, двете деца се на возраст од 15 и 13 години и се од Усје. Тие се пренесени во болница. Полицијата изврши увид.

Фото: 24Инфо

Претходна вестПретпладневното сонце ќе го замени попладневната настабилност со пороен дожд
Следна вестПризнание за македонските лекари во Пула: Математички ќе се предвидува преживување на пациентите со мозочен удар.