Темен режим Режим на светлина

Две деца на мотор настрадаа во судир со автомобил во Кисела Вода

Со тешки телесни повреди се здобиле две малолетни лица во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на подрачјето на Кисела Вода.

До незгодата дошло откако моторот на кој се возеле се судрил со автомобил. Порталот 24Инфо информира дека сообраќајната несреќа се случила околу 23 часот на крстосницата од булевар „Борис Трајковски“ со улица „Есенинова“.

Според очевидци, двете деца се на возраст од 15 и 13 години и се од Усје. Тие се пренесени во болница. Полицијата изврши увид.

Фото: 24Инфо

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

Претпладневното сонце ќе го замени попладневната настабилност со пороен дожд

Следна објава

Признание за македонските лекари во Пула: Математички ќе се предвидува преживување на пациентите со мозочен удар.