Прва награда освои тимот македонски научници на 62-риот Интернационален медицински научен конгрес за неуронаука ,,Mind and brain” што заврши вчера во Пула, Хрватска. Тимот се составен од стручњаци од Медицинскиот и Природно-математичкиот факултет Скопје. Како што изјави проф. Др. Владимир Рендевски станува збор за интерактивен математички софтверски пакет за предвидување на веројатноста за рана смртност, кај пациентите со хеморагичен мозочен удар. Од тој одговор ќе зависи и понатамошниот медицински третман.
За почеток доволни се анализите што ги земаат уште првиот ден при приемот на пациентот. Овој модел се уште е во фаза на клиничко испитување а за него тим од Медицински и од Природно математичкиот факултет од Македонија добија прва награда на 62 риот интернационален научен конгрес за Неуронаука во Пула.
-Се работи за изработка на прогностичка математичка формула која го предвидува интрахоспиталниот морталитет кај пациенти со хеморагичен мозочен удар врз основа на мерени параметри – биохемисли, радиолошки и клинички варијабли. Врз основа на тоа изработивме апликативен софтверски пакет кој на едноставен начин може да го предвиди клиничкиот исход. За почеток доволни се анализите што ги земаат уште првиот ден при приемот на пациентот, вели д-р Владимир Рендевски, неврохирург и дел од истражувачкиот тим
Сензитивноста на овој метод е 88 проценти и ќе им биде од голема корист и на неврохирурзите и на невролозите кои понекогаш имаат дилеми кај вакви пациенти дали да ги третираат со лекови или со операција.