Темен режим Режим на светлина

Максим Димитриевски повикан во МВР на информативен разговор, имало анонимна пријава

На службен разговор во општинското СВР бил повикан кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски по добиената анонимна пријава. Димитриевски денеска одржа прес-конференција на којшто рече дека пријавата била во врска со предмет за исплати и надоместоци на лица вработени во општина Куманово. Тој обвини дека се работи за политички притисок.

-Во континуитет се случува истиот притисок на работењето на општина Куманово и на мене како градоначалник. Целта е јасна да бидам дефокусиран од моите секојдневни активности. Според наводите во пријавата, иако покрај тоа што од страна на вработените во Општина Куманово е постапувано согласно законот, плати се исплаќаат со децении во општината и методологијата на пресметка е иста. Општината има потпишано и колективен договор за своите вработени, но, сепак дадов свој исказ. Ова го ценам како еден класичен пример на злоупотреба од страна на поединци коишто менаџираат со овој ресор во партиско политички цели на институциите, потенцира кумановскиот градоначалник.

Тој додаде дека како што се наближуваат изборите така и притисокот е сѐ поголем.

-Апелирам надлежните што раководат и менаџираат со овие институции, особено со секторот МВР којшто се трансформираше во МВРО со две „О“ претстанат со ваквите појави, бидејќи да не остават, граѓаните не избраа да си ја вршиме нашата секојдневна работна задача, а не да го трошиме времето како тие што го трошат и да се фокусираат на разбивање на корупцијата во државата, која им е пред очи и сами ја признаа, потенцира Димитриевски

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Со пластично шише удрил лекар на Клинички

Следна објава

„Комити“ во акција за Вардар за 24 часа собраа преку 500.000 денари