Темен режим Режим на светлина

Тепачка меѓу четири лица во Тетовско, имале нерасчистени имотно-правни односи

Со ножеви и палки направиле голема тепачка во Скопје, полицијата уапсила девет лица Со ножеви и палки направиле голема тепачка во Скопје, полицијата уапсила девет лица

Вчера во 12 часот и 55 минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовското село Пирок бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која учествувале четири лица од ова село. Инцидентот бил поради нивни нерасчистени имотно-правни односи за кои воделе судски спор, извести СВР Тетово.

– Десетина минути подоцна, во Полициското одделение Камењане се пријавиле двајца од инволвираните во пресметката 29-годишниот Ф.И. и 25-годишниот К.И., а обезбедени, исто така, се и другите двајца инволвирани, додаваат од СВР Тетово.

Случајот целосно е расчистен и на учесниците во нарушувањето ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Поликлиниката „Железара“ доби дигитален мамограф за рано откривање рак на дојка, скринингот бесплатен

Следна објава

Судот во Хаг санкционира член на ОВК од Косово, отвора ли тоа прашања и за четирите „Хашки случаи“ од Македонија?