Темен режим Режим на светлина

Се решава статусот на 1.117 ангажирани во здравството, се вработуваат на неопределено

Докторите во државните болници ќе може да работат до 70 години, со согласност од Министерството Докторите во државните болници ќе може да работат до 70 години, со согласност од Министерството

Одобрени се вработувања на неопределено време за 1.117 лица ангажирани во јавното здравство. Ова го соопшти министерот за здравство Фатмир Меџити, на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими.

– Инвестирањето во здравствени работници е еден од најважните сегменти, за иднината во јавното здравство. Клучно за креирањето на здравствените политики е решавање на статусот на лекарите, болничарите, техничарите, на медицинскиот и немедицинскиот кадар со трајно вработување. Денеска решаваме статус на 1.117 лица медицински персонал, помошно-технички персонал, хигиеничари и возачи, со одлука на Влада се отвора можност вработување на неопределено време во јавните здравствени установи. Средствата за одобрените вработувања на неопределено време се обезбедени во рамки на јавните здравствени установи и Фондот за здравствено осигурување, рече Меџити.

Тој најави дека и во наредниот период ќе се залага за инвестирање и во развој на човечкиот капитал во јавните здравствени установи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Наполи со специјално видео се збогува со Елмас: Ти благодариме за емоциите кои ни ги даде

Следна објава

Македонски инженери со претставка за „Чебрен“ до Пендаровски: Со 70-годишното давање на Црна Река на странска држава се загрозува одбраната на државата