Темен режим Режим на светлина

Мицкоски со известувачот на ЕП Томас Вајц: Продолжување на реформите е клучно

Мицкоски со известувачот на ЕП Томас Вајц: Продолжување на реформите е клучно Мицкоски со известувачот на ЕП Томас Вајц: Продолжување на реформите е клучно

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, на која во фокусот беа реформските процеси и европската агенда на државата.

Како што информира Мицкоски преку социјалните мрежи, на средбата биле разменети мислења за актуелната политичка состојба, тековните реформи, како и за клучните предизвици и можности во процесот на евроинтеграција.

Посебен акцент бил ставен на владеењето на правото, јакнењето на институционалната стабилност и неопходноста од продолжување на реформите со цел усогласување со европските стандарди. Мицкоски нагласил дека Владата останува посветена на европскиот пат на државата и на спроведување на реформите кои се од суштинско значење за напредокот на Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
(Видео) 5 минути здравје со д-р Митов – Епизода 03

(Видео) 5 минути здравје со д-р Митов - Епизода 03

Следна објава
Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата

Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата