Темен режим Режим на светлина

Долгот на општините загрижувачки се зголемува, најалармантно е во Гостивар, Тетово и Карпош

Долгот на општините загрижувачки се зголемува, најалармантно е во Гостивар, Тетово и Карпош Долгот на општините загрижувачки се зголемува, најалармантно е во Гостивар, Тетово и Карпош

Општините во последниот квартал од 2025 година трошеле премногу, со што ги зголемиле долговите за повеќе од 22 милиони евра. Најновите финансиски податоци покажуваат дека вкупниот доспеан, а неплатен долг на сите општини и Град Скопје надминува сума од 90 милиони евра.

Ова е алармантен податок, па јавноста со право прашува: кој е правецот на општините и зошто градоначалниците се однесуваат како да ќе нема утре?

На врвот на задолжени општини е Гостивар, со долг од 14,6 милиони евра, зголемен за неверојатни 2,1 милион евра за само три месеци. Веднаш зад неа е Тетово, со 13,1 милион евра долг, со уште поневеројатно зголемување за 3 месеци од над 3 милиони евра. Општина Карпош должи над 5 милиона евра, а долгот на Градот Скопје е 5,6 милиони евра.

Овие катастрофални бројки се последица на лошо планирање, популистичко трошење и континуирана неодговорност која владее со децении.

До кога на општините ќе им се дозволува да работат без финансиска сопирачка, без лична и политичка одговорност? Ако овој тренд продолжи, ќе се надмине и бројката од 100 милиони евра долг, па општините нема да бидат замаецот за локален развој, туку најголемиот товар што државата постојано ќе го спасува. И тоа со наши пари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Во секој месец од 2025 година невработеноста се намалува, Министерството за труд очекува да продолжи и годинава

Во секој месец од 2025 година невработеноста се намалува, Министерството за труд очекува да продолжи и годинава

Следна објава
Мицкоски: Јасно е дека во одреден период министер за здравство бил и Венко Филипче

Мицкоски: Јасно е дека во одреден период министер за здравство бил и Венко Филипче