Темен режим Режим на светлина

За да даде дозвола за забранета стока земал 50.000 евра мито: Зошто синоќа МВР го „спакува“ директорот на земјоделскиот инспекторат?

Уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, земал мито од 50.000 евра Уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, земал мито од 50.000 евра

„На 20 март година полициски службеници од Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал го лишија од слобода Васе Анакиев од Кочани. Против него до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Примање поткуп по член 357 од Кривичниот законик“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од таму појаснуваат дека Анакиев, во својство на службено лице, со цел стекнување на противправна имотна корист од сопственик на правен субјект кој се занимава со увоз, индиректно преку лице шпедитер побарал поткуп во износ од 100.000 евра, за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши, се додава во соопштението.

„На оштетеното лице му било образложено дека за стоката што ја увезува има забрана за влез и дека истата треба да се врати, бидејќи не е во согласност со важечките законски прописи и дека претходно од страна на Државниот инспекторат за земјоделство бил изготвен записник. Со цел увозот да се изврши непречено, на оштетеното лице му биле побарани 100.000 евра, кои требало да ги предаде во три наврати и тоа во еден наврат износ од 50.000 евра и во два наврати по 25.000 евра“, соопшти МВР.

На 19.3.2026 година е извршено примопредавање на 50.000 евра како прва рата од побараниот поткуп, додава полицијата.

„Парите првично од оштетеното лице ги презел шпедитерот, со цел подоцна да ги предаде на Анакиев. По земањето на парите од страна на Анакиев, преземени се оперативно тактички мерки и активности и врз основа на издадени наредби е извршен преглед на лице, превозно средство и багаж. При прегледот на патничко моторно возило, под совозачкото седиште, парите се пронајдени и се одземени“, се вели во соопштението на МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев, основачот на марихуана бизнисот, е нервозен и не спие мирно

ВМРО-ДПМНЕ: Има еден октопод и тој е во СДСМ, кај Заев и Филипче

Следна објава
Божиновска: Инвестирањето во луѓето е клуч за успешна енергетска транзиција

Божиновска: Засилена соработка со KfW за модерна енергетска инфраструктура