Германската влада го отфрли предлогот на Владимир Путин поранешниот канцелар Герхард Шредер да ја преземе улогата на координатор на можните разговори меѓу Русија и Европската унија за постигнување мировен договор во Украина.
Ставот на Москва дојде по неодамнешните изјави на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта , кој оцени дека постои „можност“ за преговори меѓу Европската унија и Русија, како и за дискусија за идната безбедносна архитектура на Европа.
Путин изјави дека доколку се одржат такви разговори, Шредер би бил неговиот претпочитан избор за медијатор.
Герхард Шредер останува контроверзна личност во Германија поради неговите блиски врски со Русија и лично со Путин. Откако ја напушти функцијата канцелар во 2005 година, тој речиси веднаш ја презеде функцијата претседател на германско-рускиот конзорциум за гасовод, потег што предизвика остри критики дома.


