Темен режим Режим на светлина

Телефоните само со дозвола од наставник: Ѓорѓиевски со нова најава за училиштата

Скопје како европска престолнина на културата 2028 ќе доживее урбана трансформација и развој, вети градоначалникот Орце Ѓорѓиевски Скопје како европска престолнина на културата 2028 ќе доживее урбана трансформација и развој, вети градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави можност за воведување забрана за користење мобилни телефони и во средните училишта во главниот град.

Тој потсети дека додека бил градоначалник на Општина Кисела Вода, во основните училишта веќе биле воведени правила според кои електронските уреди не смееле да се користат за време на наставата, при што општината била меѓу првите што ја примениле ваквата мерка.

Според Ѓорѓиевски, во следниот период ќе се одржат разговори со директорите на средните училишта со цел да се утврдат нови правила за користење мобилни телефони на часовите.

Планот предвидува телефоните да може да се користат само кога тоа е потребно за наставата и со дозвола од наставникот, додека во останатите ситуации учениците ќе треба целосно да бидат фокусирани на наставата.

„Онаму каде што ќе има потреба да се користат и е во согласност со наставата, ќе биде овозможено со посебна дозвола од наставниците, а сè друго ќе биде посветено на учење за време на часот“, изјави Ѓорѓиевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Несреќа во Скопје: Девојче повредено по пад во простор за лифт

Несреќа во Скопје: Девојче повредено по пад во простор за лифт

Следна објава
Прскалките што ги користел ДНК претходно запалиле завеса и звучници во Гевгелија, кажа сведок на продолжението на судењето

Почна судењето за трагедијата во „Пулс“: 13 полицајци се изјаснија дека не се виновни