Со тешки телесни повреди се здобила дваесетгодишна скопјанка во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на булеварот „Србија“ во скопската општина Аеродром.
Полицијата соопшти дека несреќата се случила по излетување од патот на возилото во кое таа била сопатник.
-На 20.08.2020 во 00.30 часот било пријавено дека на бул.„Србија” во Скопје, патничко возило „мерцедес 124″, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(23) од Скопје, излетало од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.Л.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”- информира МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.