Поскапува паркирањето на Клинички, проблем бил кусурот од пет денари

Цената на паркирањето во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од 25 да поскапи на 30 денари, одлука е која неодамна ја донесе ЈП „Градски паркинг“ а за која одобрение треба да даде Советот на Град Скопје на денешната седница. Но, она што е невообичаено е образложението за ваквата одлука: проблемот, имено бил во кусурот кој требало да им се враќа на граѓаните преку паркомати.

 Во моментов е во тек целосна реконструкција на паркинг опремата, а се поставуваат паркомати кои согласно техничките спецификации можат да прифатат монети од 10, 50 и 100 денари. Имајќи ја предвид досегашната цена од 25 денари за 1 час паркирање ќе има технички потешкотии со работењето  на паркоматите, се наведува во образложението на ЈП „Градски паркинг“.

Значи, проблемот бил во кусурот од 5 денари што требаше да се враќа доколку цената останеше 25 денари за едне час. Но, логично се поставува прашањето: ако кусурот од 5 денари бил проблем, зошто цената на еден час не е заокружена на помала сума, на 20 денари? Таа, сигурно, многу повеќе ќе им одговараше на граѓаните кои и онака веќе дале пари за правење на паркингот плаќајки даноци.

Претходна вестВо Словенија продавниците нема да работат во неделa и за празници
Следна вестКонечно Царовска потврди дека утре почнува школската година