„Улиште“ е насловот на долгометражниот филм на режисерката Блерта Башоли, работен и со македонска копродукција, кој влезе во главната интернационална натпреварувачка програма на 38. филмски фестивал „Санденс“. Фестивалот ќе се одржи од 28-ми јануари до 3-ти февруари 2021 во Парк Ситу, Јута, во САД.
Филмот е копродукција меѓу Косово, Швајцарија, Македонија и Албанија, поддржана од Косовскиот кинематографски центар, Федерална канцеларија за култура ФОЦ и Синефором – Швајцарија, Агенцијата за филм на Македонија и Националниот центар за кинематографија на Албанија.
Содржината на филмот е посветена на Фахрије, чиј сопруг исчезнува во војната во Косово, и додека трага по него, таа одлучува да започне мал земјоделски бизнис за да обезбеди егзистенција за своето семејство. Но, во традиционалното, патријархално опкружување, на нејзината амбиција за еманципација не се гледа како на нешто позитивно. Нејзиниот бизнис започнува добро, освен пчелите во нејзиното улиште, кои се чини дека се хаотични и агресивни кон неа. Во своите обиди да најде мир со пчелите, таа наоѓа мир и со самата себе…
Главната улога ја толкува Јилка Гаши.