Се продава „Рамстор“, потенцијален купувач е газдата на „Капитол мол“ и хотел „Хилтон“

Се продава ланецот маркети и трговскиот центар „Рамстор“, а за нов сопственик се преговара со компанијата „Сити Плаза ДОО“, сопственост на Ајдован Адемовски кој е претседател на Македонско-турска стопанска комора во Македонија (МАТТО) и почесен конзул на Турција.

Адемовски веќе поседува и други големи објекти во земјава – трговскиот центар „Капитол мол“ и на хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Од компанијата „Мигрос Тиџарет“ која сега е сопственик на „Рамстор“ објавија дека со фирмата на Адемовски е потпишан преддоговор за продажба на 100 отсто од акциите.

Претходна вестМицкоски: Утре започнуваме со собирање на иницијални сто потписи за одложување на Пописот  
Следна вестКако е откриен Игор Спасов: Ја тепал девојката, бугарската полиција констатирала потерница од Интерпол