Организаторот на протестите за „Монструм“ повикан во полициска станица

Организаторот на протестот за поддршка на обвинетите од случајот „Монструм“ што се одржа минатиот петок, Блерим Ахмеди, е повикан на службен разговор во полициската станица Бит-пазар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во текот на вчерашната собраниска седница рече дека за протестот има и кривични и прекршочни пријави и најави дека јавноста за тоа ќе биде информирана деновиве.

Протестот иако претходно бил најавен во МВР, тој заврши со повеќе инциденти – учесниците превртуваа контејнери, со камења фрлаа кон полициските возила, скандираа „УЧК, УЧК“ и накрај искршија стакло од зградата на МНР.

Протестот требаше да биде марш од населбата Чаир до Обвинителството во знак на револт од барањето на Обвинителството да им се изречат највисоки казни на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година.

Демонстрантите побараа и обвинителката Фатиме Фетаи која го води случајот, да биде разрешена.

Претходна вестКако е откриен Игор Спасов: Ја тепал девојката, бугарската полиција констатирала потерница од Интерпол
Следна вестУште седуммина ја изгубија битката со ковид во земјава, нови 407 заразени