Темен режим Режим на светлина

Ахмети не се извинува за изјавата за медиумите, најавува проширување на парламентарното мнозинство

али-ахмети

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска изјави дека она што го кажа во Гостивар споменувајќи ги телевизиите Алфа и Телма, не се однесувало кон телевизиите тук кон различните реакции кои постојат помеѓу граѓаните што се поттикнати. Ова Ахмети го кажа на прашањето дали ќе им се извини на телевизиите Алфа и на Телма на денешното партиско чествување на 555 годишнина од смртта на Скендербег

– Сметам дека ова прашање е веќе објаснето. Тоа не се однесуваше значи кон телевизиите, туку кон различните реакции коишто постојат помеѓу граѓаните и коишто се поттикнати. Сметам дека граѓаните треба да бидат правилно ориентирани, рече Ахмети.

Ахмети исто така не смета дека на таков начин го загрозува правото на слобода на говор на граѓаните, повторувајќи дека „треба да се оринетираме правилно поточно да научиме од минатото“. На прашањето дека со тоа што го кажа го загрози интеритетот на медиумите и на вработените, тој рече дека сите имаме колективна одговорност.

-Тоа не се однесува на кажав и претходно на медиумите, туку имаме колективна одговорност како значи да се справиме со општествените одговорности. Значи, да ја кажеш вистината знам дека е болно. Но, имаме одговорност како политички партии, како општествени организации, како медиуми, како ги ориентираме граѓаните, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ рече дека парламентарното мнозинство е стабилно, но постои пристап за тоа да се зголеми.

-Парламентарното мнозинство е стабилно, но има еден поопширен и поперспективен пристап да се прошири тоа мнозинство и да се создаде една алијанса за Европа. Тоа нема никакава врска со „огнената група“, рече Ахмети како коментар на синоќешната изјава на претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари дека постои реална можност за влез на неговата партија во Владата и оти тоа го бара и меѓународниот фактот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Полицаец тврди дека добил два шамари од градоначалникот на Крива Паланка

Следна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Во стан пронајден мртов маж