Во текот на 24 часа (20/21.01.2021 година) на територијата на државата, полицијата казни 358 граѓани за неносење маски.
И покрај постојаните апели од МВР и од здравствените власти дека ова е една од клучните мерки за заштита од ширење на вирусот, бројката на лица кои се казнети за непочитување се движи по околу 400 дневно.
Покрај неодговорноста или пак неприфаќањето на мерката, ваквиот однос на граѓаните може да се поврзе и со паричната казна за ваков прекршок, која не е висока и изнесува 20 евра во денарска противвредност, а доколку се плати во рок од 7 дена, таа се преполовува.