Темен режим Режим на светлина

Австрија размислува за укинување на задолжителната вакцинација

Австрија се предомислува за задолжителното вакцинирање. Имено, една недела по стапувањето во сила на Законот за задолжителната вакцинација, под голем притисок на гувернерите на провинциите, австрискиот канцелар Карл Нехамер најави можност за отстапување од оваа мерка.

Тој за весникот „Кронен цајтунг“ изјави дека не ја исклучува можноста за укинување на Законот за задолжителната вакцинација.

-Доколку експертите на комисијата што треба да ја именува Владата одлучат да ја стават надвор од сила задолжителната вакцинација, тоа ќе го слушнеме, рече тој.

Нехамер рече дека законот постојано се анализира, а тоа го бараат гувернерите на провинциите. Сè уште не е формирана комисијата на експерти што ја споменува Нехамер.

Тој истакна дека задолжителната вакцинација е совршена алатка, како и дека законот е добро подготвен и може флексибилно да реагира на секоја ситуација.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Бесправно исекле 254 букови стебла, добиле обвинение

Следна објава

Се прави ли итна проверка на критичните места во електро - системот?