Би-Би-Си: Мундијалот во Катар е убедливо најдобриот во 21-от век!

Во анкетата на Би-би-си за тоа кое светско првенство во 21 век било најдобро, дури 78 отсто од учесниците во анкетата гласале за Катар. Ниту едно друго светско првенство не доби повеќе од 6 проценти од гласовите.

– Тоа беше Светско првенство полно со шокови, а заврши со можеби најголемото финале досега. Мароко стигна до полуфиналето, Јапонија направи големи изненадувања, а Саудиска Арабија ги победи идните светски шампиони на отворањето, пишува Би-би-си.

Британската национална телевизија го бојкотираше отворањето на Мундијалот, а во неколку преноси предупредуваше за кршење на човековите права во таа земја, па затоа уште поголемо изненадување е што Катар победи во анкетата.

Претходна вестТешка сообраќајка на патот Јажинце-Тетово
Следна вестБитолски бизнисмен со синовите се обидел физички да се пресмета со општинските советници