Битолски бизнисмен со синовите се обидел физички да се пресмета со општинските советници

Обид за физички напад врз претседателката на Советот на Битола и десетина општиски советници од страна на познат градски бизнисмен и неговите два сина се случи синоќа во Битола. Полицијата сооопшти дека се приведени три лица.

-На 28.12.2022 во 21,20 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги приведиле А.Т.(48), А.Т.(26) и М.Т.(27), сите од Битола, затоа што се однесувале агресивно кон советници од Совет на општина Битола и се обиделе физички да нападнат дел од нив. Тие, исто така, се однесувале агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Порталот „Независен.мк“ ја пренесува изјавата на претседателката на Советот, Габриела Илиевска која соопшти дека станува збор за познат битолски бизнисмен, кој упатил закани по живот кон неа и кон десеттината други битолски советници. Советниците седеле во кафеана на Широк Сокак каде вечерале заедно по изгласувањето на буџетот на Општина Битола.

-Бевме присутни над десет советници на вечера, се појавија 4 лица од кои тројца ни беа познати и едно непознато. Упатија вербални закани,  животозагрозувачки кон сите во просторијата. Заминаа и по неколку минути побаравме сметка и ние да заминеме бидејќи беше непријатна ситуација за сите, но вработената ни кажа дека не чекаат долу на првиот спрат и дека не ќе можеме да излеземе. Викале дека ќе нѐ убијат. Јас повикав полиција, па дел од советниците беа извлечени кога дојде полицијата зошто сите бевме загрозени. Се врати полицијата и ние останатите да заминеме, но напаѓачите се вратија во просторијата и упатија уште поголеми закани ко нас. Побарајте информација и од полиција, изјави Илиевска за „Независен.мк“.

Претходна вестБи-Би-Си: Мундијалот во Катар е убедливо најдобриот во 21-от век!
Следна вестУкраински проектил С-300, наводно паднал во Белорусија