Отворена новата градинка во Усје, ќе згрижува 100-тина деца

Отворена е новата градинка во населбата Усје во скопската општина Кисела Вода. Објектот кој ќе го носи името ,,Симба” и ќе функционира во состав на ЈДГ ,,Весели Цветови”, а е со површина од 350 квадратни метри.

-Ова е првата инклузивна градинка на територијата на Кисела Вода, која целосно е наша инвестиција. Ентериерно ја опремивме целосно, вклучително и со играчки и дидактички материјали за игра и подобар развој на најмладите. Во оваа градинка денот ќе може да го минуваат 100-тина дечиња, но морам да нагласам дека согласно нашата политика за еднаков развој на сите месни и урбани заедници, предност при запишувањето имаат дечиња од населбите Усје, Стаклара и Градинар, информираше денеска градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека со ова ќе се намалат и листите за чекање за прием во градинки на подрачјето на општината.

-Пред само една година, имаше 420 деца, а сега веќе по отворањето на оваа градинка, ставањето во функција на градинката во Драчево и проширувањето на капацитетот на градинката ,,Кокиче” кое е во завршна фаза, незгрижени ќе останат уште помалку од 80 дечиња, рече првиот човек на општината.

Тој потенцираше дека во Буџетот на Општина Кисела Вода за 2023 година планирана е израдба на уште една градинка.

Претходна вестМицкоски: Мислам дека ќе се најдат 61 пратеник коишто ќе го распуштат овој парламент
Следна вестЛажна е дојавата за бомба во објект на Пошта