Запленети над 1000 парчиња петарди, а кога ќе се открие кој ги „увезува“?

Петарди ечат низ Скопје. Иако има многу поплаки и укажувања дека тоа може да биде и опасно, сепак пиротехниката е на улиците. Се продава независно што тоа е забрането.

Полицијата лови такви лица. Вчера во 14.50 часот на пазарот во скопската населба Драчево, полициски службеници го лишиле од слобода С.Е.(51) од Скопје. При контрола на неговата тезга биле пронајдени и одземени 1150 парчиња разновидни пиротехнички средства.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Заплената на пиротехнички средства е речиси секојдневна, но на јавноста и останува енигма толку ли е тешко да се откријат оние кои ги „увезуваат“.

Претходна вестАвганистански генерал и снајперист уапсени во Србија
Следна вестУдарнички работело Собранието годинава или не?