Битка за секој живот под урнатините во Турција и Сирија, бројот на жртвите надмина 8.700 лица

Тешка битка за спасување на секое затрупано лице водат спасувачките екипи во со земјотрес погодените региони во Турција и во Сирија. Времето истекува а студеното време и снег претставуваат дополнителен отежнувачки фактор. Бројот на извлечените граѓани од под урнатините е околу 8.000 но спасувачите не губат надеж дека ќе извлечат уште лица.

Во текот на студената ноќ, на франатичната спасовачка акција се придружија и роднините на жртвите, со лопати и со голи раце тргјаќи ги тешките урнатини за да дојдат до гласовите кои ги слушаат од луѓето затрупани под цели урнати згради.

-Ова сега е трка со времето. Со секоја помината минута, со секој изминат час, се намалуваат шансите за наоѓање преживеани, вели шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус.

На теренот се забележуваат трогателни приказни за спасувачите потфати. Така, забележан е случај на спасување на новороденото бебе од урнатините во северна Сирија. Бебето е добро, но неговата мајка за жал починала веднаш откако на свет го донела девојчето. Кога спасувачите го пронашле, папочната врвца на новороденото девојче сè уште била закачена за нејзината мајка.

-Слушнавме глас додека копавме. Ја исчистивме прашината и го најдовме бебето со папочната врвца која ја пресековме и братучед ми ја однесе во болница, изјави роднината на бебето Халил ал-Сувади.

Бројката на загинат надмина 8.700-тини. Само во Турција посред последните информации бројката се зголеми на 6.234 жртви, но тешко е да се потврди бројот на загинати во Сирија. Според тамошните државни медиуми загинале 2.500-тини луѓе, но спасувачката група „Бели шлемови“ која е на терен во погодената област, вели дека бројот на загинати засега е над 1.280.

Претходна вестПриведени четири лица за каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград
Следна вестПочина легендарниот Ќиро Блажевиќ