Бојкот на наставата, се чека министерството да ги слушне родителите

Нови повици за бојкот на наставата во училиштата вчера попладне се ширеа меѓу средношколците во Скопје и во останати градови во Maкедонија. Според информациите од членови на Фејсбук-групата на родители „Учебници и настава мора да има“, повикот бил услишен од повеќе ученици и наставници.

Самоорганизираните родители бараат да се стопира донесувањето на законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.

Претставничката на неформалната фејсбук-група Драгана Спасевска, која вчера ги соопшти барањата и најави бојкот, за МИА утрово изјавила дека се бојкотира во повеќе училишта.

– Имам информации од родители и наставници дека денеска воопшто не почнале со настава. Имам приватни податоци што ми стигнуваат и можеби 80-90 проценти денес нема да има настава кај основците. За средно немам доволно информации, рано е уште. Нашиот став е дека еден ден пропуштен во наставата не е толку значаен колку што е значајно да се донесат промени во образованието. Ќе стоиме зад сите наши дела се додека не не слушне Министерството, рече Спасевска.

Во повиците кои што се ширеа преку социјалните мрежи Вибер и Фејсбук им се сугерира на учениците да не се вклучуваат на он лајн настава и за тоа да ги известат своите класни раководители. Такви пораки синоќа се ширеа посебно меѓу учениците во скопските гимназии. Причина за повторен повик за бојкот на наставата е предлог-законот за електронски учебници.

Неформална група граѓани здружени на Фејсбук со иницијатива „Учебници и настава мора да има” вчера побара да се стопира постапката за донесување на законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование. Тие бараат да се организира јавна расправа за предложениот закон, а нивни стручни претставници непосредно да учествуваат во негова ревизија и интервенции. Утринава, на оваа ФБ-група беше објавено дека се соочувата со големи притисоци од страна на наставници и директори.

-Денес е само еден ден во кој ќе ја пропуштат наставата, ама овој ден може да ја смени нивната иднина. Заедно да се избориме за промени во образованието. Нашите деца нема да бидат експерименти. Денес нема настава, денес бојкотираме за подобро образование, се наведува во објавата на ФБ страницата на оваа група.

Од дуга страна министерката Мила Царовска посочи дека интенција не е да ги испечатат учебниците, туку да обезбедат уреди за оние кои што никогаш не биле изложени на дигитализација, за да се подобри еднаквоста или да се намали нееднаквоста за учениците кои имаат ист учебник со таблет или лаптоп, и оние кои имаат пристап само до неквалитетен учебник.

Претходна вестОпштина Центар: Ги контролираме и санкционираме непрописно паркираните возила
Следна вестФудбалскиот клуб Вардар на пат кон Втората лига