Темен режим Режим на светлина

Брестовац го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац, го објави списокот на повикани ракометари за прeстојната ЕХФ недела.

Меѓу повиканите ги нема инаку стандардните Стојанче Стоилов, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски и Борко Ристовски.

Собирот е закажан за 03.јануари 2021, во хотел Александар Палас со почеток во 12:00 часот.

Оваа ЕХФ недела селекторот ќе ја искористи за подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и во април со Финска и Швајцарија за пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија.

За време на подготовките ќе се одиграат и два контролни натпревари од затворен карактер против репрезентацијата на Чиле.

Фото/macedoniahandball.com.mk

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Дури 25.000 сторители на кривични дела годинава биле мета на Обвинителството

Следна објава

Му покажале на обвинител дека работи нестручно - поднел оставка, а кај политичарите...