Темен режим Режим на светлина

Чулев прифати најстрога дисциплинска мерка за својот советник кој нападна началник

„Денеска од страна на дисциплинска комисија до министерот за внатрешни работи беше доставен предлог за донесување на решение за изрекување најстрога дисциплинска мерка. Предлогот е прифатен од страна на Чулев и за гореспоменатото лице е потврдена предложената дисциплинска мерка“, информираат од МВР.

Од таму нагласуваат и дека во текот на изминатиот период во неколку наврати министерот потенцирал дека законите се спроведуваат неселективно без разлика на партиската, верската и национална припадност.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

СЗО донира заштитна опрема за Клиниката за инфективни болести

Следна објава

ДИК утре ќе доделува уверенија на избраните пратеници