Делови од скопски општини неколку часа без струја

Денеска без електрична енергија одреден временски период ќе останат делови од неколку скопски општини.

-Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од жителите на влезот на селото Крушопек, а од 10 до 15 часот дел од корисниците од улица „4“, соопшти РЦУК – Скопје.

Во временскиот период од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Македонско-косовска бригада“, „Никола Малешевски“ и дел од „Џон Кенеди“ бр. 27 во општина Чаир.

Без струја денеска од 9 до 15 часот ќе бидат и дел од жителите од улиците „2“ и „10“ во Долно Лисиче, општина Аеродром.

Претходна вестПоднесено обвинение против Рамиз Мерко, незаконски именувал директорка која примала плата 19 месеци
Следна вестМакедонија е на 84 место по среќа во светот, Бугарија, Албанија… се тука некаде