Дилемите за тоа што е вакцинирано дете, a што не, Комисијата за заразни болести ќе ја разрешува утре

Појаснување на одлуката за забрана за прием на деца во градинките врзано со примањето на вакцината против големата кашлица утре сењ очекува да даде Комисија за заразни болести. Нејзините членови треба да решат дали ќе се направи отстапка со која на децата кои се нецелосно вакцинирани против пертусис согласно возраста, а имаат закажано термин, ќе им се дозволи да ги посетуваат градинките. Засега сите се ставени во ист кош, и оние кои се невакцинирани и оние кои не можат да бидат вакцинирани зашто подоцна ја примиле вакцината.

-Вакцина подразбира ако детето има примено три дози и се смета за вакцинирано, а некомплетно вакцинирано е ако примило втора и не примило трета доза. Дали е ревакцинирано тоа е друго прашање… Се спроведува во вториот, четвртиот и шестиот месец и ако е завршена вакцинацијата значи тука се работи за пациент кој е вакциниран… тогаш не гледам зошто да биде попречен да присуствува. Потоа следува ревакцинација на 18 месеци и на седумгодишна возраст. Значи, забраната треба да важи за пациенти кои не се вакцинирани. Но, фокусот треба да биде кон сензибилизација зашто сега сме пред епидемија што може да порасне, рече  Демири.

Тој додаде дека на утрешниот состанок надлежната Комисија ќе даде коментар на донесената одлука кој, рече, ќе го почитуваат сите граѓани и тој како министер.

-Овие формалности на толкување на забраната ќе се решат утре по состанокот на Комисијата. Ова првпат се случува и затоа сакам да бидам концизен и да не излегуваме со различни ставови. Ќе има унифициран официјален став како треба да се постапува, рече министерот Демири кој не смета дека е направен хаос во градинките, туку поголем хаос е, рече, ако децата не се вакцинираат.

Претходна вестПотребна ни е нова стратегија за безбедноста во сообраќајот
Следна вестВрховниот суд реши, Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања, останува во притвор