Темен режим Режим на светлина

Драма во демирхисарско: Со „Пежо“ удрил во двајца полицајци, па со остар предмет повредил еден

46-годишен скопјанец прегазил и повредил жена па побегнал 46-годишен скопјанец прегазил и повредил жена па побегнал

Вистинска драма вчера се случувала во атарот на демирхисарското село Доленци кога при обидот да запрат возило биле повредени неколку полицајци. МВР соопшти дека по иницидентот е приведено едно лице – И. Ѓ. (41) од Росоман.

-Околу 8 часот, на патот Битола – Ресен, лицето со возило ‘Пежо’, кое го управувал, не застанал на знак за запирање од полициски службеници и притоа со возилото удрил двајца од нив. Набргу откога бил запрен, со остар предмет повредил полициски службеник, кој извршувал службени дејства, се наведува во информацијата од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Се молат одроните сами да си заминат како и што дошле на патот Св. Николе - Скопје

Следна објава

Хакерски напад на веб-станиците на неколку банки во Македонија