Двајца починати и 163 нови случаи на Ковид-19

Во изминатово деноноќие од направени 922 тестови регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 85, Охрид – 15, Битола – 12, Прилеп и Велес – по 9, Куманово – 8, Струмица – 4, Тетово, Кавадарци и Штип – по 3, Кочани, Струга, Делчево и Виница – по 2, Гостивар, Радовиш, Пробиштип и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции.

Регистрирани се 110 оздравени пациенти од: Скопје – 67, Охрид – 13, Битола и Кавадарци – по 6, Куманово – 5, Струмица – 4, Штип – 3, Прилеп и Струга – по 2, Тетово и Велес – по 1.

-Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (68 г и 73г), починати на ден 05.06.2022 во домашни услови, се наведува во информацијата.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.018, бројот на оздравени пациенти е 303.893, на починати е 9.325, а бројот на активни случаи изнесува 800.

Претходна вестЛевица и Муцунски во кавга околу метларките на Кочо Анѓушев
Следна вестМухамед Зеќири оди во куќен притвор