Левица и Муцунски во кавга околу метларките на Кочо Анѓушев

Политичка партија Левица и општина Аеродром чиј градоначалник е Тимчо Муцунски влегоа во кавга околу плаќањето на метларките за одржуавње на јавната хигиена чиј производител е фирмата на проанешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. Левица денеска обвини дека актуелниот градоначалник на Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, минатиот месец има склучено договор во име на Општината, со што за одржување на машини-метларки, ќе исплати скоро 10 илјади евра народни пари на „БРАКО”, фирмата на Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер за економски прашања од Владата на Заев.

-Овие метларки беа набавени од фирмата „Брако” од претходниот градоначалник Златко Марин од редовите на СДСМ, а на жителите на општина Аеродром ги чинеа скоро половина милион евра, односно 480 илјади евра, за што тогаш следеа остри реакции од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Јавно прашуваме, зошто градоначалникот Тимчо Муцунски наместо да иницира истрага пред институциите за контроверзниот договор склучен со фирмата „Брако”, како што бараше неговата партија – тој продолжува со исплати на фирмата на Анѓушев?, соопшти Левица.

Оваа партија потсетува дека иако Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ веќе девет месеци се власт во општина Аеродром, граѓаните немаат видено ниту една кривична постапка за претходното раководство на општината, и покрај многубројните пресови за криминали во Аеродром од страна на ВМРО-ДПМНЕ додека беа во опозиција.

На ова одговорија од општина Аеродром при што наведоа дека јавните набавки кои се однесуваат на машини и друга опрема за чистење влегува во дел од законските обврски кои Општина Аеродром ги има кон своите граѓани. Согласно законите, обврска на општината е да се грижи за јавните површини, имотот на општината и целата опрема што е потребна за таа намена, а оттаму произлегува и нашата намера да ги одржуваме сите расположливи средства за остварување на овие цели.

-Опремата што веќе е набавена, треба да биде ставена во функција на граѓаните и во функција на заложбата за одржување на чистотата на јавните површини во Аеродром. Ги охрабруваме релевантните институции кои во соработка со општината веќе водат постапка за посочената набавка од страна на претходната администрација да ги разрешат сите евентуални прекршувања на законите. Изразуваме жалење што политичката партија Левица која има членови во Советот на општината јавно бара да не се оддржува постоечкиот имот на општината, се наведува во одговорот на Општината.

Претходна вестРасправата за интерпелацијата за Џафери: Опозицијата обвинува за газење на Деловникот, спикерот одговара дека нема да дозволи да се корне микрофонот
Следна вестДвајца починати и 163 нови случаи на Ковид-19