Мухамед Зеќири оди во куќен притвор

Во куќен притвор е ставен поранешниотот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања. Апелациски суд во Скопје денеска реши тој да биде префрлен во домашни услови од Инфективната клиника во Скопје каде престојува скоро еден месец.

Зекири беше префрлен на Инфективната клиника во Скопје на почетокот од јуни, откако судот одобрил негов трансфер поради сомнежи за евентуално труење.

Зекири во притвор во затворот „Скопје” во Шуто Оризари заврши на 9 април како осомничен во истрага што ја отвори Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Во истрагата со поранешниот генерален секретар на Владата осомничени се и двајца хрватски државјани. Случајот се однесува на злоупотреби во врска со склучување договор за консултантски услуги односно за изработка на физибилити студија за „Пошта на Северна Македонија“.

Претходна вестДвајца починати и 163 нови случаи на Ковид-19
Следна вестМакрон: Најдовме решение за спорот меѓу С. Македонија и Бугарија