Елмас и неговиот Наполи блиску до првото четврт-финале во ЛШ

Македонскиот фудбалски дијамант Елиф Емлас реди успеси. Овој пат неговиот Наполи со 2-0 го победи Ајнтрахт во Франкфурт и со самото тоа е многу блиску до пласман меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.

Елмас ги одигра последните десет минути од овој важен натпревар за клубот од Италија. Тимот на Наполи се сметаше пред натпреварот за фаворит и сето тоа го оправда со добра игра.

Македонскиот репрезентативец целата оваа сезона дава голем придонес (а и голови – засега 6) за неговиот клуб да ита кон титулата во Италија, а и да атакуваат на прв пласман во четврт-финале на ЛШ.

Претходна вестКазнети над 200 возачи, 80 возеле пребрзо, 16 без возачка…
Следна вестРоманот на Венко Андоновски „Папокот на светлината“ објавен на руски јазик