Романот на Венко Андоновски „Папокот на светлината“ објавен на руски јазик

Романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски, преведен на руски јазик излезе од печат во Москва. Ова е седмо дело во проектот „Македонскиот роман на 21 век“ кој го конципираше Олга Панкина, познатиот популаризатор на македонски културни вредности во Русија.

Руското издание на романот на Андоновски е издадено во тврд повез, а на корицата се наоѓа фрагмент од сликата „Гулаби“ на македонскиот уметник Драги Хаџи Николов.

Инаку, проектот „Македонскиот роман на 21 век“ почна да се реализира во 2014 година во соработка со реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“, кој обезбедува натамошна дистрибуција на книгите на руското јазично подрачје.

До сега, во рамките на тој проект се објавени романите „Храпешко“ на Ермис Лафазановски, „Водена пирамида (Патот на јагулите)“ на Луан Старова, „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли, „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски, „Маџун“ на Влада Урошевиќ и „Фантомско стапало“ на Блаже Миневски.

Претходна вестЕлмас и неговиот Наполи блиску до првото четврт-финале во ЛШ
Следна вестСе грижи ли некој за учениците кои губат настава поради дојавите за бомби?