Темен режим Режим на светлина

Безвременската несреќна љубовна приказна „Жизел“, утре на сцената на МОБ

Безвременската, магична приказна за несреќната љубов – „Жизел“ ќе се одигра утре вечер со почеток во 20 часот на сцената на МОБ. Романтичниот балет во два чина репризно ќе се одигра и на 2 март, исто така со почеток во 20 часот.

Музиката на „Жизел“ е дело на францускиот композитор Адолф Адам, кореографијата е на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, додека адаптацијата на истата е на кореографката Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригентската плака е во рацете на Иван Еминовиќ, додека за костимографијата е на Александар Ношпал. За сценографијата повторно е задолжен Александар Ношпал заедно Михајло Стојановски, а за светло-дизајн Милчо Александров.

На утрешната балетска претстава улоги ќе ги играат Марија Кичевска-Шокаровска, Франциско Хименез Руиз од Шпанија, Ивана Коцевска, Игор Веланоски, додека пак, на 2 март во главните улоги ќе настапат, Мими Поп Алексова-Атанасовска, Франциско Хименез Руиз од Шпанија, Илијана Данилов, Бобан Ковачевски.

Покрај балетаните, настап ќе имаат солистите и оркестарот на Националната опера и Балет.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Одраз на судирот во Иран врз македонската економија: Нафта ќе има, но по која цена?

Oд полноќ поевтинуваат горивата

Следна објава

Антикорупционерите го испитуваат имотот на семејството Груби