Темен режим Режим на светлина

Ремек делото на Џакомо Пучини „Боеми“, вечерва на сцената на Македонската опера и балет

Приказната за љубовниците Родолфо и Мими преточена во ремек-делото „Боеми“ од Џакомо Пучини, вечерва ќе биде раскажана на сцената на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска во режија на Дејан Пришев.

Операта е во четири чина, дејството се одвива во Париз кон крајот на 19 век, а либретото се базира на „Сцени од животот на боемите“ на Хенри Мургер. Сценографијата е на Зоран Николовски, а костимограф е Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска.

На оперската претстава настапуваат Ѓорѓи Цуцковски, Сандра Митровска, Марјан Јованоски, Драган Ампов, Александар Стефаноски, Наде Талевска, Невен Силјановски, Борко Биџовски, Јане Дунимаглоски, Александар Никодиновски, Диме Петров, хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Со изведбата на оперската претстава „Боеми“, диригентката Бисера Чадловска, ќе го одбележи јубилејот 20 години уметничка дејност на сцената на Националната опера и балет. Таа е првата жена диригент во Македонија, но важи и како еден од најплодните македонски оперски и балетски диригенти, со завидна бројка од над 50 оперски и балетски наслови во текот на нејзиното 20 годишно работење.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Зимска „апокалипса“ во САД, 13 милиони луѓе погодени од бура

Следна објава

Маж се обидел да силува жена, таа му го одгризала јазикот и како доказ го предала на полицијата