Темен режим Режим на светлина

Казнети над 200 возачи, 80 возеле пребрзо, 16 без возачка…

При сообраќајна контрола на подрачјето на Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени 211 прекршочни казни. Од нив 81 биле за пребрзо возење.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, од кои 81 за возење повеќе од дозволената брзина, 16 за возење без возачка дозвола, 8 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се 6 мерки за користење мобилен телефон при возење, 5 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 4 мерки за не користење сигурносен појас…, информираат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и се со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Вселенскиот патријарх Вартоломеј годинава ќе го донесе томосот за автокефалноста на МПЦ-ОА

Следна објава

Елмас и неговиот Наполи блиску до првото четврт-финале во ЛШ