Темен режим Режим на светлина

Еурофарм Пелистер ја отвора сезоната во Лигата на шампионите

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, вечерва на домашен терен ќе ја отворат сезоната во Лигата на шампионите. Екипата од Битола, во А-групата ќе игра против Кјелце, Кил, ПСЖ, Загреб, Олборг, Пик Сегед и Колстад.

Прв противник на Еурофарм Пелистер ќе биде норвешки Колштад. Натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ ќе започне во 18.45 часот.

„Колштад е екстра квалитетна екипа, која во своите редови има шест норвешки и еден исландски репрезентацтивец. Колштад игра динамично и мислам дека ќе биде задолвоство да се натпреваруваме со нив. Верувам дека ќе се прикажеме во најдобро светло оваа сезона, пред нашата публика, во нашата реновирана сала. Се спремаме подолг период, игравме доста пријателски натпревари, игравме и променливо на некои од нив. Од натпреварите на кои не бевме на висина на задачата извлековме многу поуки. Анализитравме доста детали каде сите заеднички грешиме и мислам дека ќе ги исправиме со стартот на новата сезона во Европа и во Суперлигата. Еурофарм Пелистер ќе биде подготвен за предизвиците“, рече тренерот Александар Јовиќ.

Фото/ rkeurofarmpelister.com

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Три лица загинаа во експлозија во фабрика во Италија

Следна објава
Заев бара извинување од ВМРО-ДПМНЕ: Не сум поврзан со канабисот, немам облакодери во Дубаи, ниту сум вршел притисок на Жан Митрев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите